Заштедете пари и време! Претплатете се на ЕМИТЕР!

 

Сите 11 броја во годината и 3 гратис примероци од претходните броеви по Ваш избор * ќе Ви бидат доставени на Вашата адреса, и сето тоа по многу пониска цена!!! Плус, ќе добиете и 20% попуст на сите наши производи и по некој подарок (брошура, каталог, ППК, купон за попуст...), за разлика од оние што списанието ќе го купуваат “број по број“!!!

ЕМИТЕР е списание за популаризација и практична примена на науката и техниката со информативно-едукативен и апликативен карактер, прво и единствено од ваков вид во Македонија. ЕМИТЕР излегува од 1995 година и е наменет за сите љубители на науката и техниката – од ученици, студенти и хобисти, сè до професионалци од соодветни области и струки. Во списанието се застапени речиси сите области од науката и техниката, со акцент на природните и на техничките науки и современите технологии, низ написи од најразличен вид: од кратки информации, прикази и тестови, преку теоретски написи и детални анализи на најголемите научни и технички достигнувања, па сè до совети и упатства за одржување, поправка и самоградба на разни склопови, уреди и објекти. Нашето долгогодишно искуство, преточено во преку 200 изданија, е гаранција за интересни и квалитетни содржини.

Promotiven Broj

  Зошто да се претплатите на ЕМИТЕР?

- Заштедувате до 57% од редовната цена на печатеното издание;

- Добивате 20% попуст на сите наши производи;

- Имате гарантирана цена за време на траењето на претплатата;

- Го добивате списанието на својата адреса;

- Никогаш нема да пропуштите некој број;

- Секогаш ќе бидете во тек со научните и техничките достигнувања;

- Повремено добивате подароци во форма на брошура, каталог, ППК, купон за попуст...;

- Со претплатата ги поддржувате сите наши активности коишто резултираат со исклучително висок квалитет на списанието на сеопшто задоволство;

- Со претплатата ја поддржувате нашата мисија за унапредување на научно-техничката култура и поттикнување на иновативноста и техничко-технолошкиот развој во Македонија.

Претплатете се на ЕМИТЕР уште денеска!

Одберете го начинот на претплата што најмногу Ви одговара.


  • ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ:

    - Заштеда до 35%;

    - 11 броеви во годината;

    - Гратис 3 претходни броеви на ЕМИТЕР по Ваш избор*;

    - Достава до Вашиот дом или до работното место;

    - 20% попуст на сите наши производи;

    - Повремени подароци во форма на брошура, каталог, ППК, купон за попуст...


    Цена: 1500,00 денари
  • ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ:

    - Заштеда до 57%;

    - 11 броеви во годината;

    - Гратис 3 претходни броеви на ЕМИТЕР по Ваш избор*;

    - Достапно за читање од PC, лаптоп, таблет и смартфон;

    - 20% попуст на сите наши производи;

    - Повремени подароци во форма на брошура, каталог, ППК, купон за попуст...


    Цена: 1000,00 денари
  • ПЕЧАТЕНО + ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ (во пакет):

    - Заштеда до 48%;

    - 11 броеви во годината;

    - Гратис 6 претходни броеви на ЕМИТЕР по Ваш избор (3 во печатена форма* + 3 во електронска форма*);

    - 20% попуст на сите наши производи;

    - Повремени подароци во форма на брошура, каталог, ППК, купон за попуст...


    Цена: 2000,00 денари

Освен наведените опции за претплата, нудиме можност и за групна претплата на ученици (најмалку 10) при што одобруваме специјални попусти и погодности како, на пример, можност за плаќање во две полугодишни рати или плаќање "број по број", а во зависност од количината, одобруваме и гратис примероци за наставникот/училиштето. Плус, во секое полугодие, секој претплатник ќе добие на подарок по еден примерок од претходните броеви, како и споменатите повремени подароци во форма на брошура, каталог, ППК, купон за попуст... Наставници и професори, обезбедете за себе и за своите ученици извонреден извор за стручна надградба – јавете ни се уште денес!


Како да се претплатите?

Посетете ја нашата електронска продавница во делот за претплата, одберете го начинот за претплата и плаќање, и извршете ја уплатата според дадените упатства. Доколку имате некои прашања или Ви се потребни подетални напатствија јавете ни се на телефонот (02) 3115-111 или пишете ни е-маил преку контакт формуларот. 


* За информација кои од претходните броеви се достапни во печатена и електронска форма, т.е. кој е нивниот статус, погледнете на нашиот веб-портал во секцијата Претходни броеви или во е-продавницата, во одделот Списание Емитер.

 

Пријавете се за нашиот е-Билтен (Newsletter)

Пријавете се за нашиот е-Билтен (Newsletter) и редовно и навремено добивајте ги сите информации и новости од целокупниот делокруг на нашето работење: новости од науката и техниката, информации за нови производи и понуди од нашата е-продавница, како и информации за активностите на ЕМИТЕР и на нашите бизнис партнери. Ќе добивате максимум две пораки седмично.

Важна напомена: вашите податоци се исклучиво за интерната база на читатели/корисници и нема да бидат дадени на трети лица, а при тоа секогаш имате можност да се одјавите од нашата мејлинг листа.