УСЛОВИ (ПРАВИЛНИК) ЗА КОРИСТЕЊЕ

 

Се наоѓате во делот од нашиот сајт во кој се дадени условите согласно кои ќе можете да ги користите нашите услуги. Со оглед дека се работи за многу важна материја, ве молиме добро да го проучите овај правилник и секогаш да ги имате предвид и да се придржувате до посочените услови. Прекршувањето на општите услови и употреба можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак или правата на било која друга форма на интелектуалната сопственост.

 

1. ОПИС НА УСЛУГИТЕ КОИ ГИ НУДИМЕ

Електронската продавница на ЕМИТЕР ги нуди сите услуги кои се поврзани со презентација, помош при изборот, купување и испорака на нашите производи како и производите од други добавувачи. За таа цел, на сајтот со слика, текстуален опис и цена се претставени сите производи, а дадени се и низа дополнителни информации во врска со постапките за нарачување, купување и испорака на производите. За купените електронски изданија (списанието ЕМИТЕР и сите книги и брошури) овозможено е online читање без ограничување на пристапот до електронската верзија на публикацијата. Сите останати производи кои се купени од нашата интернет продавница се испорачуваат на адресата на купувачот или се подигаат од нашето седиште кое се наоѓа на ул. 11 Октомври бр. 38/11, 1000 Скопје.

 

2. УСЛОВ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА НАШИТЕ УСЛУГИ

Основен услов за користење на нашите производи и услуги поставени на овај сајт е да сте регистрирани на сајтот. Регистрацијата е бесплатна, брза и едноставна, а депонираните ваши лични податоци се наша службена тајна без можност за нивна злоупотреба. Повеќе за ова види во делот Упатства за корисниците (www.emiter.com.mk/upatstva.php).

 

3. ЗА ПОСТАВЕНИТЕ ЛИНКОВИ

Во рамките на нашата интернет страница се поставени и линкови кои водат до други интернет страници и ресурси на трети страни. Не превземаме никаква одговорност или обврска за вашата комуникација или за материјалите кои се достапни на тие интернет страници. Овие линкови се поставени само како погодност за корисникот и само вие единствено сте одговорни за разбирање на термините и условите кои се применуваат при нивната посета или при извршување на некоја нарачка на нивните производи и услуги.

 

4. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ

Сите описи на нашите понудени производи се направени со најголемо можно внимание и предострожност во насока да не се поткрадне некоја грешка, пропуст или недореченост. Сепак, не можеме да гарантираме дека описите на нашите производи се комплетни, точни и без грешки. Доколку понудениот и купен наш производ не е во согласност со неговиот опис, ваше право е да го вратите неоштетен и неупотребен. Повеќе за ова види во делот Купување (www.emiter.com.mk/kupuvanje.php).

 

 

5. АВТОРСКИ ПРАВА

Сите содржини на овај веб сајт, како текст, слики, лого, икони, дигитални преземања и софтвер се во сопственост на ЕМИТЕР д.о.о. и секоја нивна неовластена употреба за иста или слична дејност се казнува по закон. Не е дозволено копирање, редистрибуција, реемитување, објавување или комерцијална експлоатација на преземениот материјал без претходна писмена согласност од ЕМИТЕР д.о.о. и носителот на авторските права. Авторските права се заштитени со закон и секое нивно намерно или ненамерно прекршување води до судска постапка за расчистување на случајот.

 

6. ОДГОВОРНОСТ

Крајниот корисник е одговорен за стекнување и одржување на сопствената компјутерска опрема, вклучувајќи го целиот софтвер и хардвер кој го поседува и користи, како и другата опрема потребна за пристап и користење на Интернет и сите поврзани трошоци. Компанијата ЕМИТЕР д.о.о. не е одговорна за каква било штета на опремата на крајниот корисник кои можат да произлезат од користењето на Интернет.

 

7. ПОЈАСНУВАЊА, ОГРАНИЧУВАЊА И ОГРАДУВАЊА

 

7.1. ЕМИТЕР д.о.о. го задржува правото повремено да ја направи својата интернет страница (www.emiter.com.mk) недостапна заради дополни и модификации на содржините и услугите од веб страницата со или без најава. Исто така, не преземаме никаква одговорност заради недостапност на нашата веб страница за причини кои се надвор од наша контрола или се резултат на виша сила. Сметаме дека корисникот на нашите услуги ги прифаќа овие вонредни и непредвидливи можни прекини на достапноста на нашата веб страница.

 

7.2. Никаков совет или информација, било усмена, било писмена која нашиот корисник би ја добил од било кој вработен во нашата компанија (ЕМИТЕР д.о.о.), како службеник, директор или наш агент, не претставува никаква гаранција ако таа експлицитно не е наведена во овие услови. Согласно тоа, ЕМИТЕР д.о.о. не прифаќа никаква законска надокнада на евентуално предизвиканата штета од овие дејствија.

 

7.3. ЕМИТЕР д.о.о. може да ги преработи и дополни овие услови како би ги одржала во склад со своите производи и услуги. За тие дополнувања и преработки дополнително нема да бидете озвестени и затоа повремено посетувајте ја оваа страница (www.emiter.com.mk/uslovi.php) за навремено да бидете запознати со извршените промени.

 

7.4. ЕМИТЕР д.о.о. ги презема сите расположливи мерки да овозможи највисока сигурност и безбедност на веб страницата. Сепак, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што вие би биле засегнати. Вие се согласувате да ја употребувате нашата веб страница на сопствена одговорност.

 

7.5. ЕМИТЕР д.о.о. не презема никаква одговорност во насока на враќање на производи и/или парични средства или испочитување на гарантни услови за производи и услуги кои не се купени од нашата интернет продавница (www.emiter.com.mk).

 

7.6. ЕМИТЕР д.о.о. го задржува дискреционото право да му го оневозможи пристапот до веб страницата на секој оној за кој процени дека ги злоупотребува и прекршува овие услови или пак се обидува криминогено да се однесува при својата посета на нашата веб страница. Исто така, таквите случаи може да бидат пријавени до надлежните органи за прогон.

 

7.7. ЕМИТЕР д.о.о. нема никаква контрола над содржините на услугите и производите кои ги обезбедуваат трети лица, а се прикажани на нашата веб страница. Било кое мислење, совет, изјава, услуга, понуда, некоја друга информација или содржина која е прикажана или направена достапна од страна на некоја трета страна, вклучувајќи ги и оние во публикациите и производите кој ги нуди ЕМИТЕР д.о.о. на нашата веб страница (www.emiter.com.mk), припаѓаат на нивните автори, односно издавачи и правни и физички лица, а не на ЕМИТЕР д.о.о..

 

7.8. ЕМИТЕР д.о.о., компаниите кои со нас соработуваат, нашите партнери (физички и правни лица) и носителите на лиценци во никој случај не можат да бидат одговорни по било која правна основа за било која индиректна, случајна, казнена или консеквентна штета.

 

7.9. Се согласувате да го обештетите ЕМИТЕР д.о.о., компаниите кои со нас соработуваат, нашите партнери (физички и правни лица) и носители на лиценци, во случај на евентуални тужби, загуби, трошоци, и штета, вклучително и трошоците за адвокат, кои произлегуваат од вашата употреба на ЕМИТЕР д.о.о., а се резултат на активности кои се однесуваат на вашиот налог (регистрација) од ваша страна или кое било друго лице кое пристапила на нашата веб страница (www.emiter.com.mk) преку вашиот налог (регистрација).

 

8. ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ

Со посетата на нашата Веб страница (www.emiter.com.mk) се подразбира дека се согласувате со овие општи услови изложени во овај правилник и со сите релевантни закони кои важат на територијата на Република Македонија. Во случај на спор надлежен е судот во Скопје.

 

 

Пријавете се за нашиот е-Билтен (Newsletter)

Пријавете се за нашиот е-Билтен (Newsletter) и редовно и навремено добивајте ги сите информации и новости од целокупниот делокруг на нашето работење: новости од науката и техниката, информации за нови производи и понуди од нашата е-продавница, како и информации за активностите на ЕМИТЕР и на нашите бизнис партнери. Ќе добивате максимум две пораки седмично.

Важна напомена: вашите податоци се исклучиво за интерната база на читатели/корисници и нема да бидат дадени на трети лица, а при тоа секогаш имате можност да се одјавите од нашата мејлинг листа.