Видеотехнологија

Автор:

Милчо Узунов


Година:

2020


Издавач:

Интернационален универзитет "Еуропа Прима" - Скопје

Печатено издание:


Статус на залиха:

при крај  


Цена:

500 денари / 8,10 € 


Електронско издание:


Статус на залиха:

нема  


Цена:

420,00 денари / 6,80 € 


Запознавањето и учењето на основните принципи на коишто се заснова видеотехнологијата, ќе овозможи подобро имплементирање на аудиовизуелните уреди во современите аудиовизуелни дела. Согледувајќи ја комплексноста на оваа тема од инженерски аспект, авторот во ова издание ги презентира основните постулати во видеотехнологијата од еден прифатлив аспект, достапен за секое едукативно ниво. Целта на оваа книга не е само да биде учебник за студентите по филмските и театарските уметности, туку и прирачник за сите оние кои сакаат и кои имаат желба и потреба да ги осознаат видеосигналите и нивните компресии, електронската слика, просторот на боите и уште многу други основни постулати во видеотехнологијата.  Со помош на цртежи, слики и примери, опишани се карактеристиките на видеосигналите, просторот на боите како и видеокомпресиите, кои денеска претставуваат столб во развојот на електронската слика во видео уметноста.

Книгата е поделена во 8 логички целини:  Вовед, Електрични сигнали, Видеосигнали, Модулација на сигналите, Мултиплексирање на сигналите, Видеоформати, Компресија на видеосигналите и Транспорт – пренос на видеосигналите.

Книгата е во Б5 формат, а содржините се презентирани на 230 страници.

Повеќе

 

Пријавете се за нашиот е-Билтен (Newsletter)

Пријавете се за нашиот е-Билтен (Newsletter) и редовно и навремено добивајте ги сите информации и новости од целокупниот делокруг на нашето работење: новости од науката и техниката, информации за нови производи и понуди од нашата е-продавница, како и информации за активностите на ЕМИТЕР и на нашите бизнис партнери. Ќе добивате максимум две пораки седмично.

Важна напомена: вашите податоци се исклучиво за интерната база на читатели/корисници и нема да бидат дадени на трети лица, а при тоа секогаш имате можност да се одјавите од нашата мејлинг листа.