Основи на сценската проекција

Автор:

Милчо Узунов


Година:

2018


Издавач:

Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА – Скопје

Печатено издание:


Статус на залиха:

при крај  


Цена:

400 денари / 6,50 € 


Електронско издание:


Статус на залиха:

нема  


Цена:

320,00 денари / 5,20 € 


Со “Основи на сценската проекција” добивме пресек на основните знаења што треба да ги поседува секој што се бави со вклопување на видеопроекцијата во сценската изведба.

Веднаш по Воведот, во поглавјето Видео проектори авторот најнапред нè носи на Почетоците на филмот, за потоа искусно да продолжи да ги објаснува поимите и процесите на Видео технологијата, па преку појаснување на Технологијата на видео проектори да премине на објаснување на процесот на Проекција на слика и на крајот од ова поглавје посветено на видео ефектите да стане збор за Продукција на слика за проектирање. Поглавјето Аудио е посветено на улогата на звукот во сценската игра. Оттаму сосема природно тоа е поделено на два дела – Аудио сигнали, посветен на обработката, и Аудио формати, посветен на репродукцијата на аудиото. Со четвртото поглавје Узунов веќе навлегува во практиката – говорејќи за методите на Сценско мапирање, за потоа со следното поглавје да го продлабочи овој практичен сегмент со Сценско водење (реализација) на 3Д мапирањето.

Делото е заокружено со неколку практични примери и Анализи на мултимедијални изведби и изведби со 3Д мапирање, при што примерите дадени со проекти кои авторот  Милчо Узунов самиот успешно ги реализирал, а неговото учество на овие сценски изведби придонело за успехот на поставувањето на самото сценско дело.

Книгата “Основи на сценската проекција” доаѓа “спакувана” на 196 страници, во Б5 формат

Повеќе

 

Пријавете се за нашиот е-Билтен (Newsletter)

Пријавете се за нашиот е-Билтен (Newsletter) и редовно и навремено добивајте ги сите информации и новости од целокупниот делокруг на нашето работење: новости од науката и техниката, информации за нови производи и понуди од нашата е-продавница, како и информации за активностите на ЕМИТЕР и на нашите бизнис партнери. Ќе добивате максимум две пораки седмично.

Важна напомена: вашите податоци се исклучиво за интерната база на читатели/корисници и нема да бидат дадени на трети лица, а при тоа секогаш имате можност да се одјавите од нашата мејлинг листа.