Биографија на аналогниот магнетофон

Автор:

Вангел Башевски – Барми


Година:

2021


Издавач:

Издавачка куќа Слово, Скопје

Печатено издание:


Статус на залиха:

има  


Цена:

930 денари / 15,20 € 


Електронско издание:


Статус на залиха:

нема  


Цена:

930,00 денари / 15,20 € 


„Биографија на аналогниот магнетофон“ е научно-популарен труд на Башевски кој содржи елементи од акустиката, електротехниката, аудиотехниката, аудио-визуелните уметности и други сфери. Поконкретно, тој се занимава со развојот и примената на аналогниот магнетофон, највлијателниот изум за звучно снимање. Прво издание од овој вид во регионот. Зачинето со куриозитети, анегдоти и сведоштва од прва рака, а раскажано по хронолошки и географски принцип: од Америка преку Западна и Источна Европа до Јапонија, и од Британија и Скандинавија преку Балканот до Австралија. Што е звук и аудиосигнал; кој е најбитниот изум за звучно снимање и кои биле неговите претци, наследници и иноватори; каква му била конструкцијата и принципот на работа; како бил развиван и (зло)употребуван; како снимале Синатра, Елвис, Битлси, како снимале Дугме, ЕКВ, Леб и сол и други странски и домашни музичари; кои биле нивните тонци и продуценти и со какви предизвици тие се судирале; како бил работен тонот за холивудските оскаровци; пропагандата на Гебелс; магнитиздатот и цензурата во СССР; тајни служби, шпионажа и прислушкувања; аферата Октопод и Вотергејт; сублиминални пораки и езотерија; сè од Ленон до Ленин на едно место!

Ова дело е резултат на шестгодишно истражување на авторот и содржи мноштво интересни информации од кои корист ќе имаат и професионалците и аматерите, и електроничарите и инженерите на звук, како и сите вљубеници во аудиотехниката.

Книгата е во А4 формат, има 550 страници и над 1100 фотографии и илустрации.

Повеќе...

 

Пријавете се за нашиот е-Билтен (Newsletter)

Пријавете се за нашиот е-Билтен (Newsletter) и редовно и навремено добивајте ги сите информации и новости од целокупниот делокруг на нашето работење: новости од науката и техниката, информации за нови производи и понуди од нашата е-продавница, како и информации за активностите на ЕМИТЕР и на нашите бизнис партнери. Ќе добивате максимум две пораки седмично.

Важна напомена: вашите податоци се исклучиво за интерната база на читатели/корисници и нема да бидат дадени на трети лица, а при тоа секогаш имате можност да се одјавите од нашата мејлинг листа.