„Герила портабл – радиоаматерски активности на отворено” е наменета за радиоаматери и во неа претставено е искуството на авторот од реализирани повеќе од 1200 радиоаматерски портабли на кратки бранови, и во којашто промовира ултралесен, динамичен и технички едноставен стил, каде што во преден план е имагинацијата за практично користење на радиоопремата на речиси секое место и при секакви услови, притоа уривајќи многубројни стереотипи.
Искуствата од радиоаматерските портабли ги усовршуваат операторските способности и техничките вештини за поставување радиостаници во импровизирани услови, што е значајно при поставувањето на базните радиостаници и воспоставувањето радиокомуникации во вонредни ситуации.
Владимир Ковачески – Z35M со радиоаматерство се бави четири децении и од 1996 година редовно објавува радиоаматерски написи во ЕМИТЕР, тој е автор и на книгите „Радиоаматерство”, „Guerrilla Portable – a guide to ultralight outdoor amateur radio”, „Радиоаматерството во Македонија – развој, криза, нов почеток” и „Златна јоносфера – радиоаматерство на кратки бранови”.
Повеќе