‘Guerrilla Portable’ е водич за ултралесен радиоаматерски портабл, заснован на минимализам, брзина, ефикасност и независност од инфраструктура. Во него е прикажан радиооператорски стил што се потпира на едноставна, лесна и функционална опрема, применлива од речиси секоја локација.
Книгата го поврзува радиоаматерството со авантуристички пристап, при што речиси секоја локација може да стане работна позиција. Овој стил е опишан како умешност за постигнување значајни радиоаматерски резултати со едноставна опрема, преку креативност, импровизација и постојано истражување.
‘Guerrilla Portable’ се темели на повеќе од една и пол деценија активно занимавање со кусобранов радиоаматерски портабл, во чии рамки авторот има реализирано преку 1300 активирања од отворено, од различни природни и урбани локации.
Владимир Ковачески е долгогодишен соработник на списанието ЕМИТЕР кадешто објавува радиоаматерски написи уште од 1996 година. Воедно, тој е автор и на книгата ‘Радиоаматерство’ во издание на ЕМИТЕР.
Повеќе