Радиоаматерство e една од ретките книги од македонски автор целосно посветена на радиоаматерството како хоби активност. Во книгата радиоаматерството е прикажано на технички едноставен и разбирлив начин, со јасен акцент на радиооператорството, што ја прави особено пристапна за читателите кои првпат се среќаваат со оваа активност. Книгата првенствено е наменета за радиоаматери почетници, но и за пошироката читателска публика заинтересирана за радиокомуникациите и радиотехниката.
Авторот Владимир Ковачески е еден од најактивните радиоаматери во Македонија, со континуирана активност подолга од четири децении. Има одржано 600.000 радиоврски со радиоаматери од целиот свет, како и остварени 1300 портабл активирања. Автор е на книгата „Герила портабл – радиоаматерски активности на отворено“, која што е достапна и на англиски јазик.
Изданието е во А5 формат, мек повез, со фотографии и илустрации во боја
Повеќе