Телевизиски системи

Автор:

Милчо Узунов


Година:

2023


Издавач:

Интернационален Универзитет "Еуропа Прима" – Скопје

Печатено издание:


Статус на залиха:

при крај  


Цена:

600 денари / 9,80 € 


Електронско издание:


Статус на залиха:

нема  


Цена:

450,00 денари / 7,30 € 


М-р Милчо Узунов, професор на Факултетот за филмски уметности при Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ – Скопје и на Факултетот за драмски уметности – ФДУ  при УКИМ – Скопје, е дел и од основачкиот тим на првото македонско списание за популаризација и примена на науката и техниката „ЕМИТЕР“. Освен во списанието „Емитер“, дел од неговата активна работа во полето на видео и аудиотехнологијата може да се прочита и во научното списание за аудиовизуелни уметности „ЛИНК“, при Универзитетот „Еуропа Прима“ – Скопје.

Книгата “Телевизиски системи” е негова трета  стручна книга, по  објавата на „Основи на сценската проекција“ во 2018 година и на „Видеотехнологија“ во 2020 година. Книгата е организирана во 3 главни поглавја – Телевизиско студио,  Надворешна - мобилна продукција и Примери и анализа на телевизиски системи. Како што споменавме, при обработката на материјалот акцентот е ставен на практичниот кориснички аспект, додека инженерскиот пристап е умерен и поткрепен со детални илустрации, што овозможува негово полесно разбирање.

Во содржински аспект книгата нуди анализа на секторите во ТВ системите, објаснување за нивните функции и доловување на работните обврски кои се јавуваат во овие системи. Освен за преносот видеосигналите, авторот има одлична кратка експликација за акустиката на ТВ студијата, потребните аудио системи и обработката на сигналите.

Во првото поглавје најнапред се изложени основните потреби и услови за функционирање на едно современо ТВ студио – подот кај телевизиските студија, електричната енергетска инсталација, систем за климатизација, светлосен грид, акустична обработка, како и потребата од дополнителни простории. Дознаваме за начините на класификација на ТВ студијата според нивната физичка големина, капацитетот на продукција, како и според техниката и начинот на продукција, секторската поделеност на работата во ТВ студиото. За крај добиваме слика за начинот на којшто “дише” едно ТВ студио на функционален, технички и кадровски план.

Второто поглавје е посветено на надворешната – мобилна продукција, како и специфичните практични и технички побарувања што произлегуваат од овој вид продукција и со којашто мобилните екипи постојано се среќаваат и работат: временските параметри, подвижните системи – мобилни регали, репортажни возила. Особен акцент е даден на репортажните возила, нивните основни карактеристики, намената и опремата кај големите, малите и SNG репортажните возила, како и инсталацијата во нив.

Третиот дел ја разгледува практичната примена на ТВ системите со примери и анализа од потребите за функционирање на мала информативна телевизија, преку телевизиски систем за емитување на содржина за одложено емитување и телевизиски системи во NDI изведба, до обработка на телевизиски систем со далечинска IP контрола.

Книгата “Телевизиски системи” дава насоки за успешна работа кај веќе постоечките системи и од неа може да се научат и применат методи кој ќе го подобрат функционирањето на ТВ системите. Притоа таа не е наменета само за студентите, туку таа ќе им биде од голема полза и на сите сегашни и идни техничари, инженери и телевизиски работници.

Повеќе

 

Пријавете се за нашиот е-Билтен (Newsletter)

Пријавете се за нашиот е-Билтен (Newsletter) и редовно и навремено добивајте ги сите информации и новости од целокупниот делокруг на нашето работење: новости од науката и техниката, информации за нови производи и понуди од нашата е-продавница, како и информации за активностите на ЕМИТЕР и на нашите бизнис партнери. Ќе добивате максимум две пораки седмично.

Важна напомена: вашите податоци се исклучиво за интерната база на читатели/корисници и нема да бидат дадени на трети лица, а при тоа секогаш имате можност да се одјавите од нашата мејлинг листа.